Велосипедска облека за почетници
Што да се одбере за облека доколку сте се одлучиле да навлезете до прекрасниот свет на велосипедизмот. Постои огромен асортиман на облека за велосипедизам, во блескава разновидност на бои и ткаенини, од лесно достапни до смешно скапи. Од сам старт е многу важно да земете прикладна и угодна облека бидејќи ќе има одлучувачка улога во тоа дали ќе го засакате или замразите спортот. Потребни ви се следните работи.
1.Велосипедски шорцеви, ја спречуваат болката во вашиот задник и вашиот грб. Ако се прашувате: дали треба да носам долна облека под обложени велосипедски шорцеви? одговорот е не. Долната облека предизвикува триење помеѓу шорцевите и вашето меѓуножје. Единствениот начин да ви биде удобно во седлото е да носите шорцеви со сунгереста подлога.

2. Носете велосипедска кацига. Законските регулативи за кациги се јасни за ова, но во овој случај со целосно право. Најдобрите кациги за друмски велосипеди и најдобрите кациги за планински велосипед може да ви го спасат животот. Не е тешко во денешно време да се најде некоја што е удобна, лесна и достапна. И не, не мора да го купувате најскапиот модел, бидејќи сите тие се во согласност со сегашните безбедносни стандарди.

3. Ракавици. Доколку прашате 1000 велосипедисти најверојатно 50% ќе бидат за и 50% против. Едно е сигурно, со ракавици ќе имате помалку болки во дланките, ќе ја впиваат потта од рацете, и секогаш можат да ви послужат како брисач за потта од вашето лице. Но решението секако останува на вас.

4. Велосипедски дрес. Не е задолжителна опрема за еден почетник, но секако ќе допридонесе за поугодно возење. Материјалите од кои се направени дресовите се брзо сушечки, заштитуваат од надворешни влијанија, ја зголемуваат аеродинамичноста, и се разбира, ќе изгледате многу подобро на велосипедот😊

5. Педали без клип. Одлуката помеѓу рамни или педали со клип не е едноставна. Педалите без клип се всушност педали во кои влегуваат клитовите од педалите. За друмско возење педали без клип се сигурно најдоброто решение. Овие педали овозможуваат далеку подобар пренос на вашата сила на велосипедот. Доколку се решите за планиниски велосипед, тогаш и двата видови на педали, рамни и без клип се во опција.

6. Очила. Дали времето е сончево или облачно, одберете очила со заштитни стакла за сончево време или безбојни стакла за облачно и темно време. Секогаш се добар избор и се потребни бидејќи ќе ве заштитат од ветер, мушички или сонце.
