Подесување на висина на вашето седиште

Постојат неколку општо прифатени начини за подесување на висината на вашето седиште. Во продолжение е начинот на Лемонд, кој е погоден за повеќето велосипедисти, освен можеби за професионалците кои ќе одат на професионален Bike Fitting, или можеби ќе користат некоја од апликациите за Bike Fitting.

  1. Прво определете ја висината на вашето меѓуножје. Застанете исправени до ѕид, без обувки. Земете книга или стап кои ќе ги притиснете до меѓуножјето. Забележете ја висинската точка од подот до почетната точка на книгата/стапот. (Слика 1)
  2. Обележете ја положбата на врвот на книгата или стапот на ѕидот, и измерете ја оддалеченост од земјата. (Слика 2)
  3. Помножете ја таа висина со 0,885.
  4. Резултатот е оптималната висина на седлото, која потоа можете да ја прилагодите на велосипедот од центарот на погонската курбла до горниот раб на седлото.
Подесување диск сопирачки

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Моја кошничка
Листа на желби
Recently Viewed
Категории
Споредете ги производите (0 Производи)