Лепење на внатрешна гума

Лепење на внатрешна гума

Знам дека голем дел од вас ќе се насмеат на овој пост, бидејќи многумина од вас веќе многу пати залепиле гума, но сеште има голем број на велосипедисти кои одат на сервис за една едноставна работа како што е лепењето на гумата. Јас лично ова го правам за отприлика 3-4 минути. Нешто што секој од вас може лесно да го направи.

Чекор 1. Извадете ја внатрешната гума. Секогаш имајте со вас алат за отстранување на надворешната гума. Тоа се две пластични алатчиња кои се релатино евтини (100-200 ден за две)

Оставете го воздухот да излезе од внатрешната гума и турнете го вентилот нагоре во гумата, со тоа што претходно ќе ја одвртите малата навртка од вентилот. Првото пластично алатче протнете го меѓу гумата и тркалото. Повторете го тоа и со второто алатче на отприлика 10-15 цм од првото. Потоа повлечете надолжно по тркалото со едното алатче со цел да излезе надворешната гума од тркалото. Извадете ја внатрешната гума.

Чекор 2. Најдете ја дупката. Напумпајте ја гумата повеќе, се додека не слушнете од каде издишува гумата. Во случај дупката да е мала и не можете да слушнете, тогаш напумпајте ја гумата повеќе.

Чекор 3. Припремете ја гумата за лепење. При благо напумпана гума, со шмиргла истругајте околу 3-4 цм околу дупката. Доколку имате самолепливи лепенки можете веднаш да залепите, со јако притискање со раката. Држете отприлика 20 секунди. Доколку користите лепак, нанесете тенок слој на гумата (секогаш нанесете пошироко отколку што е големината на лепенката) и почекајте лепакот да се исуши комплетно. Тестирајте со прстот на крајот на лепакот. Тогаш на ист начин како погоре притиснете ја лепенката 20тина секунди.

Чекор 4. Пред да ја вратите гумата внатре, проверете ја внатрешноста на надворешната гума убаво проагајќи со прстите по целата површина на надворешната гума. Во голем дел секогаш има некој трн, жица или нешто слично пробиено низ гумата.

Исто така добро е да ја проверите и лентата која го обложува тркалото. Во некој случаеви лентата може да се помести, или во ретки случаи и да биде пробиена. Ако сте надвор при возење, и немате друга лента, можете да ставите дебело парче хартија или некој друг материјал на местото каде што е оштетена лентата.

Чекор 5. Враќање на внатрешната гума. Прво наместете ја надворешната гума на тркалото со една страна отворена. Наместете ја внатрешната гума, протнувајќи го вентилот низ дупката на тркалото, вратете ја навртката, но не стегајте до крај. Тоа ќе го направите кога гумата ќе биде сосема напумпана. Напумпајте ја минимално гумата. Почнете да ја местите надворешната гума со притискање. Кога ќе дојдете до крајот ако не можете да ја наместите со раце, тогаш искористете го пластичното алатче како лост да ја притиснете гумата да навлезе во жлебот на тркалото. Напумпајте ја гумата уште малку и со мало притискање тркалајте го тркалото по земја за да се уверите дека внатрешната гума е добро легната. Ако се е вред, допумпајте ја гумата на саканиот притисок.

Лепенки

Според мене многу се практични самолепливите лепенки кои многу го леснуваат процесот. Чинат околу 200-250 ден за едно пакување со 4-6 лепенки.  На нашата страна можете да најдете разлишни типови.

Среќно и безбедно возење.

 

Подесување на брзините – заден менувач
Подесување сопирачки – класични друмски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Моја кошничка
Листа на желби
Recently Viewed
Категории
Споредете ги производите (0 Производи)