Подготовка за Тубелес гуми

Како да го направите вашето тркало погодно за Tubeless гуми

Со конвертирање на вашите тркала во тубелес, бидете сигурни дека скоро никогаш нема да застанете да менувате гуми, или да му се јавите на некој од вашата фамилија да ве земе од местото каде што сте заглавиле.

За да го направите ова ќе ви се потребни следните работи:

– Гуми и бандажи компатибилни со тубелес технологија

– Заптивно млеко

– Лента за бендажот (според точната ширина на бандажот)

– Вентил за тубелес (должината секогаш треба да биде минимум 10мм повисока од бандажот)

– Ножици

– Остар шрафцигер или мал шрафцигер крстач

– Отстранувач за вентил

– Пластични алатчиња за местење на надворешни гуми

– Инјектор на заптивнато млеко (опционално)

– Воздушен компресор пумпа специјална за тубелес гуми

 

Чекор 1.

Проверете дали вашите бандажи се подготвени за тубелес гуми. Тоа треба да го пишува на етикетата!

Чекор 2.

Извадете ги надворешната и внатрешната гума од тркалото. Доколку има лента на бандажот на која не е специфично нагласено дека е за тубелес, тогаш извадете ја. Исчистете го бандажот убаво со алкохол, и оставете да се исуши. Залепете ја новата специјална лента за тубелес, такашто додека ја лепите, секогаш држете ја затегната лентата. Почнете секогаш 10цм пред вентилот и завршете 10цм после вентилот, да се преклопат 10цм. Кога ќе ја залепите, повторно убаво притиснете по целата површина со некоја ткаенина.

Чекор 3.

Со помош на штрафцигерот направете дупче каде што треба да влезе вентилот. Немојте да користете штрафцигер со правоаголна глава. Користете или крстач или шило. Отворот треба да личи како на сликата подолу. Рамен, без поткинати рабови.

Чекор 4.

Монтирајте го вентилот.

Чекор 5.

Монтирајте ја гумата. Кај тубелес гумите обично е многу тешко да се намести гумата, поради тоа што таа мора многу цврсто да стои на бандажот. Купете најскапи што можете алатчиња за монтирање на гумата зашто многу лесно се кршат.

 

Чекор 6.

По монтирањето премачкајте ги двете страни кои се допираат до бандажот со смеса од вода и неколку капки сјај за садови (има и специјални течности, но ова ќе ви заврши работа). Пред да го ставите млекото потребно е еднаш да ја напумпате гумата, за да се намести подобро, а воедно да видите дали самата гума убаво ќе дихтува.

Принципот на пумпање е гумата да се напумпа инстантно до 4-5 Bar. Постојат неколку начини. Со компресор, боца цилиндар која ја пумпате со обична пумпа, и пумпа со вграден цилиндар. Јас ја користам следнава, и веќе неколку години сум супер задоволен.

Кога ќе ја напумпате гумата, таа мора да напраи звук како пукнување на мала петарда. Така легнува гумата на бандажот, да не се исплашите.

 

Чекор 7.

Кога чекор 6 е успешен, време е да го ставите млекото. Го отстранувате врвот на вентилот и преку него внесувате млеко. За друмски велосипеди ставете околу 60мл а за планински околу 120мл за 29инчни тркала. На нашата страна имате специјален инјектор за ставање на млеко, со кој ќе избегнете истекување и валкање. По ставање на млекото, вратете го врвот на вентилот. Свртете го тркалото неколку круга да се распредели млекото. Напумпајте ја гумата како во чекор 5.

Доколку имате проблем со пумпањето можете да пробате да пумпате со изваден врв на вентилот со што ќе се обезбеди поголем проток на воздух.

На нашата страна bikedonia.mk можете да ги најдете сите работи потребни да ги направите вашите гуми тубелес. Ви стоиме на располагање за ваши можни прашања.

Среќно и безбедно возење.

Велосипедска облека за почетници
Подесување на брзините – заден менувач

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Моја кошничка
Листа на желби
Recently Viewed
Категории
Споредете ги производите (0 Производи)