Подесување диск сопирачки
Диск сопирачките се покомплексни за прилагодување од кабелските или V-сопирачките, а следново е само еден многу едноставен начин за решавање на вообичаениот проблем. Ако диск сопирачките се тријат, тоа најчесто е предизвикано од неправилно подесен калипер на сопирачката или неправилно наместено тркало по отстранување.
Чекор 1
Пред да ја наместите самата сопирачка, откачете ја стегата на тркалото и проверете дали тркалото стои право во поглед на дисковите и потоа цврсто затегнете го. Ако сопирачката сè уште се трие, веројатниот виновник е самата диск сопирачка. Олабавете ги двете завртки на калиперот на сопирачката. Тие не треба целосно да се одвртат, само доволно за калиперот да се движи од страна на страна ако го мрдате со рака.

Чекор 2
Додека цврсто ја стегате соодветната рачка на сопирачката и пактните допираат по дискот, повторно затегнете ги овие завртки. Тркалото сега треба слободно да се врти. Ако влошките сè уште звучно се тријат на дискот на сопирачката до крај, обидете се повторно со овој процес; понекогаш потребни се неколку обиди пред калиперот да се смести во правилната положба. Има на пазарот тенки влошки кои се со дебелина од дел од милиметар кои се вметнуваат помеѓу дискот и пактната и го олеснуваат овој процес. Ги има на Али за неколку евра.

Чекор 3
Ако после чекорот два се уште имате проблем, можете да се обидете да го прилагодите калиперот од око. На оваа слика можете да видите дека има празнина од двете страни на дискот. Со олабавени завртки, порамнете го калиперот со рака, а потоа додека го држите цврсто во положбата, затегнете ги завртките со другата рака. (јас во 99% од времето вака го порамнувам и тоа успешно)![]()

Среќно и безбедно возење.
