Подесување на брзините, заден менувач и оддржување
Ако брзините на вашиот велосипед се правилно индексирани, секој еден клик на менувачот ќе предизвика едно менување нагоре или надолу на брзините, на предниот или задниот менувач. Но доколку менувачите на вашиот велосипед не функционираат правилно или ако не можат да префрлат во одредени брзини, потребно е да се прилагодат или ткн наштелуваат. Кога менувате брзини на велосипедот, менувачот ја повлекува сајлата, што пак го поместува предниот или задниот менувач на однапред одредено растојание. Ова го поместува вашиот ланец на друг запчаник на касетата (заден менувач) или на запчаникот на погонот (преден менувач). Сајлите на менувачите може да се истегнат, разресат или рѓосаат со текот на времето. Исто така и кошулиците се подложни на истите влијанија. Сите овие работи спаѓаат под оддржување на системот за менување брзини.
– Сајли и кошулици: Бидејќи сајлите се направени од челик, тие се подложни на рѓосување. Дали од вода, пот, независно, тие треба да се менуваат на одредени интервали, заедно со кошулиците. Јас лично менувам на отприлика на секои две години. Замената трае кратко, но нема ништо подобро од добро менување на брзини при возење. Кога ги менувам сајлите пред да ги ставам во кошулиците секогаш ги премачкувам со тенок слој од специјална маст на Shimano Cable Grease (чини околу 900 МКД). Со тоа се овозможува подобро функционирање и подобра заштита од корозија. Едно кутивче ќе ви трае доживотно.
Сега ќе се осврнеме на задниот менувач.
– Подесување на брзините
Заден менувач: Прво, проверете дали држачот на задниот менувач е искривен, бидејќи многу често тој е главен виновник за вашите проблеми со менувањето. За исправување на држачот постои специјален алат. Но доколку е малку искривен можете со фаќање на целиот менувач со обете раце, благо да го повлечете нанадвор. Доколку е многу искривен, тогаш одете кај вашиот механичар.

– Втор чекор: Ослободете ја сајлата од завртката што ја држи. Ако вашиот погон има преден менувач, префрлете го на средниот или најмалиот запченик. Со вртење на педалите, ланецот ќе се префрли на најмалиот запченик на касетата. Вртете ги педалите. Доколку има звук, или не се движи мазно, ќе мора да ја поместите завртката за горен лимит за ¼ вртење (како на сликата подолу). Откако ќе се постави горната граница, вртете ги педалите и внимателно полека движете-буткајте го задниот менувач рачно (притискајте го со рака нагоре) додека не го помести ланецот на најголемата звезда за да бидете сигурни дека ланецот нема да испаѓа од двата краја на касетата. Ако ланецот има проблем да се префрли на најголемата звезда или ја прескокнува таа звезда, треба да ја прилагодите завртката за долната граница на сличен начин како и завртката за горната граница. (забелешка: граничните завртки не треба да се „затегнуваат“ надолу, тие едноставно служат да го запрат менувачот да не оди погоре или подоле во однос на касетата, а со самото тоа да не испаѓа ланецот).

Со поставените ограничувања, сега можете да ја затегнете сајлата. Предниот шалтер напред треба да ви е во најдолна положба. Повлечете ја сајлата со рака цврсто и затегнете ја завртката. Со предниот шалтер обидете се да префрлите во една брзина нагоре. Доколку не префрли тогаш тензијата на сајлата не е доволна. При вртење на педалите, свртете ја завртката за подесување (како на сликата) за 1/8 круг. Правете го тоа се додека не префрли на една звезда нагоре. Тогаш сите брзини нагоре би требало да се вред. Доколку не се, подесувајте со мали вртења на завртката за подесување. И на крај, секогаш ставете завршеток на сајлата за да се спречи разресување.

