Потребни алати за сервисирање на велосипед
Иако требаше сериалот да го почнам со ова, никогаш не е доцна. Следните алати ќе ви се потребни за скоро сите поправки на вашиот велосипед. Секогач купете алати кои се во високата граница кои можете да си ги дозволите. Квалитетен алат е многу потребен за правилно работење. Најдобри марки на пазарот се UNIOR и Park Tool. Кај нас може да најдете алати од UNIOR. Може да се најдат и куферчиња со комплет алати за сервисирање, но во поголемиот дел се со полош квалитет.
– Држач-носач за велосипед

– Имбус сет клучеви
– Основен сет штрафцигери
– Клешта со долги и тенки краци, како и една обична
– Клешта за сечење сајли (купете ја најскапата што може да си ја дозволите)

– Маст за подмачкување лагери
– Маст за монтирање делови (Anti seize grease), при монтирање на секој дел со оваа маст никогаш повеќе нема да имате запечени делови. Вака изгледа маста.

– Маст за монтирање карбонски делови (се зголемува триењето помегу монтираните делови) и со самото тоа може да стегнете со помалку Nm.

– Масло за подмачкување ланец

– Момент клуч (посебно корисен за монтирање на карбонски велосипеди)
– Алат за мерење на истегнатост на ланец. Јас користам на UNIOR, и е вистински фантастичен. Функционира за 9 до 12 брзински ланци. Иако имате и основни кои личат на линиар, кои покажуваат истегнатост од 0.5, 075 и 1мм. Со UNIOR, се овозможува на секоја десетина мерење.


– Алат за сечење на ланец

Горе доле ова се алатите кои ви се потребни за основно сервисирање. Со време сигурно ќе докупувате, во зависност од тоа колку сакате да “чепкате” околу велосипедот.
Среќно и безбедно возење.
